Пронајдено и торзо пред зградата на германски суд 

Отсечена човечка глава пронајдена е вчера пред зградата на судот во градот Бон на западот на Германија.

Минувачи во раните вечерни часови ја алармирале полицијата и пријавиле дека дел од тело се наоѓа пред зградата на судот, вели портпаролот на полицијата.

„Набрзо потоа утврдивме дека тоа е човечка глава“, вели тој.

Торзото, за кое се претпоставува дека е од истото тело, пронајдено е во близина на брегот на реката Рајна, недалеку од историската зграда на царинарницата Алтер Золи.

Местата на кои се пронајдени деловите од телото се оддалечени едно од друго околу еден километар.

Приведен осомничен

Во близина приведне е осомничен. Полицијата соопшти дека 38-годишникот им е познат од претходно, поврзан со наркотици.

Се смета дека тој е извршител на злосторството, а неидентификуваната жртва дека е бездомник.

До вторникот вечерта, оружјето со кое е извршено злосторството, не е најдено. Истражителите и понатаму бараат сведоци

Back to top button
Close