Протестот во Кочани продолжи пред Обвинителството и Основниот суд
17.03.2025 16:04
420 Читање помалку од 1м
Протестот во Кочани попладнево продолжи пред Јавното обвинителство и Основниот суд во Кочани. Граѓаните, меѓу кои и многу млади лица, порачаа дека бараат правда за своите блиски кои ги изгубија во пожарот и виновниците да ги добијат казните што ги заслужуваат.
Претходно, тие пред општинската зграда фрлаа со јајца и бараа да излезе градоначалникот.
Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“….
Во меѓувреме, група граѓани во Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката „Пулс“ каде во пожар загинаа 59 лица.
Во пожарот во дискотека во Кочани, според последните официјални информации, загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.