Психолог: Не е препорачливо за 11-годишно дете да спие в кревет со мајката

Глумицата Алиша Силверстоун се најде на удар на критиките од јавноста, бидејќи пред извесно време призна дека го дели креветот со својот 11-годишен син затоа што, според наводите – таа е грижлива мајка и сака така да му ја покаже мајчинската љубов. Се јавија и стручњаци кои не би се согласиле со сѐ тоа.

И психологот Рина Б. Пател отворено ја критикуваше глумицата како мајка.

Таа верува дека таквата приврзаност за детето може да доведе до намалена слобода која детето треба да истражува, може да го ограничи развојот на независните способности и да доведе до предизвици и прблеми во меѓусебните односи.

– Кога детето ќе прооди, тоа треба да почне и да спие самостојно. Во спротивно, воспитувањето може да предизвика проблеми со границите, па дури и кај самата мајка, или нејзиниот љубовен живот, бидејќи таа нема доволно време за себе. Верувам дека премногу приврзаното родителство, исто така, ќе предизвика проблеми и во иднина, т.е. тоа може да доведе и до врсничко насилство, истакна д-р Пател.

Глумицата, инаку, со години зборува за нејзините „алтернативни“ родителски начини на воспитување. Таа го учи својот син да биде веган, и, како што вели – дури и се капе со него.

Back to top button
Close