Пукање во Калифорнија: Загинаа три лица

Двајца полицајци и еден осомничен се убиени во престрелка во градот Ел Монте, соопштија властите во американската сојузна држава Калифорнија, пренесува Ројтерс.

Според соопштението, полицајците биле застрелани во Ел Монте, Јужна Калифорнија, на должност, додека одговарале на дојавата за можна убодна рана во вторникот вечерта.

Двајца полицајци се префрлени во Медицинскиот центар, каде од здобиените повреди починале, соопштија надлежните.

Осомничениот за пукањето, неидентификуван маж, исто така е убиен за време на размена на оган, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес.

Имињата на убиените не се објавени, а полицијата на округот Лос Анџелес го истражува инцидентот.

Вооруженото насилство во САД е под лупа по минатомесечниот пукање во основното училиште Јувалде во Тексас, во кое загинаа 19 деца и двајца наставници, како и пукањето во супермаркет во Бафало, Њујорк, во кое загинаа 10 лица, што предизвика нови иницијативи во американскиот Конгрес за донесе построги федерални закони за контрола на оружјето, пренесува Ројтерс.

Back to top button
Close