Путин: Секој што ќе се обиде да ја „проголта“ Русија, може да добие тупаница по забите


Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека секој што ќе се обиде да ја „проголта“ Русија може да добие удар во забите, додавајќи дека Москва ќе најде начин да одговори доколку се остварат заканите на Киев упатени кон цивилната авијација.

„Ако некој се обиде да ја проголта Русија, може да добие тупаница во забите“, изјави рускиот претседател.

Говорејќи на прес-конференција по самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Бишкек, Путин оцени дека ШОС е една од најмоќните регионални организации, која опфаќа половина од светот, и истакна дека нејзиното проширување треба да се одвива постепено.

Back to top button
Close