Радев 5 пати зборувал со Меркел на тема С Македонија за време на Самитот на ЕУ

Бугарскиот претседател вели дека Меркел останала на заложбите Бугарија годинава да го тргне ветото, а тој, пак, тврди дека пред неа настапил со јасни аргументи и дури пет пати зборувале за тоа

Бугарскиот претседател, Румен Радев, пет пати зборувал со германската канцеларка Ангела Меркел на тема Северна Македонија за време на самитот на ЕУ во Брисел, кој воедно е и последен самит за канцеларката пред нејзиното заминување од функцијата.

„Таа ја повтори својата кауза Бугарија годинава да ја отвори врата за европската интеграција на Северна Македонија. Одлучувачкиот самит, како што знаете, ќе биде во декември. Јас имав јасни аргументи и затоа со неа разговарав барем пет пати на оваа тема“,рече Радев, пренесува БНТ.

На Самитот на ЕУ, денеска европските лидери разговарале за миграцијата и за заштитата на надворешните граници на Унијата, пандемијата и други теми. Лидерите од ЕУ се зборуваа со Меркел, која за време на нејзиното владеење со Германија учествуваше на вкупно 107 самити.

Во знак на почит кон Меркел шефот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, како што пренесе „Франс прес“, ѝ рекол: „Вие сте споменик“.

„Самит на ЕУ без Ангела е како Рим без Ватикан или Париз без Ајфеловата кула“, рекол Мишел пред европските лидери.

Back to top button
Close