Радев одби Калин Стојанов да биде министер за внатрешни работи на Бугарија во новата влада

Горица Грнчарова – Кожарева, вршителот на должноста премиер на Бугарија денеска му го претстави составот на својот привремен кабинет на бугарскиот претседател Румен Радев.

Тој изрази голема резерва во однос на назначувањето на Калин Стојанов за министер за внатрешни работи, па и даде рок денеска до 15 часот на Грнчарова да предложи друг кандидат.

Претседателот Радев изјави дека ќе биде невозможно да се обезбеди политичка стабилност и да се спроведат фер избори, доколку Стојанов остане на таа функција, а и даде рок на в.д. премиерката да предложи друг кандидат за функцијата министер за внатрешни работи, објави порталот „Новините“.

Радев се закани дека нема да го потпише указот за формирање нова влада, доколку не се реши овој проблем, а Грнчарова посочи дека нема да направи промена, поради што Радев одби да го потпише указот за формирање Влада

Back to top button
Close