Ракета падна на египетска територија во туристички центар на Црвеното море, непознато од каде дошла
Ракета паднала во близина на медицинска установа во египетското одморалиште Таба на Црвеното Море, во близина на границата со Израел, пренесува РТС.
Повредени се шест лица.
Израелската армија ја потврдила информацијата за овој инцидент од другата страна на границата со Египет.
„Засега не е познато дали проектилот е поврзан со конфликтот во Газа меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас“ пренесува Танјуг