Рама: На праг сме на големо откритие на гас и нафта

Албанскиот премиер Еди Рама денеска посочи дека компанијата „Шел” е блиску до многу важно откритие за гас и нафта во Албанија, што многу ќе влијае не само на иднината на таа земја, туку и на енергетската иднина на Европапренесуваат албанските медиуми.

-Полни сме со надеж дека наскоро ќе можеме да ја информираме јавноста во нашата земја и регионот, но и надвор од регионот, за едно многу важно откритие на кое работи „Шел” во нашата земја. Тие одбиваат да зборуваат за тоа, но има знаци дека сме блиску до многу важно откритие гас и нафта, рече Рама за време на неговата посета на Холандија.

Рама разговараше со претставници на холандски компании кои работат во Албанија и со други инвеститори заинтересирани за проширување на нивните активности.

Во мај 2019 година, компанијата “Шел” објави дека истражувањата во близина на градот Берат, во централна Албанија, ја потврдиле можноста за значително откритие нафта.

Back to top button
Close