Расмунсен: Ниту една земја не може само да дојде и да „се послужи“ со Гренланд

Ниту една земја не може само да дојде и да се „послужи“ со Гренланд, автономната територија на Данска која Доналд Трамп ја посакува, рече данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп предизвика загриженост на почетокот на јануари кога одби да ја исклучи можноста за воена интервенција што ќе ги стави Гренланд и Панамскиот канал под контрола на Соединетите Американски Држави.

„Не можеме да имаме светски поредок во кој некои земји, ако се доволно големи, ќе можат да се послужат со други територии ако сакаат“, изјави Расмусен еден ден откако Трамп ја презеде функцијата.

Министерот рече дека е „задоволен“ што Трамп не го спомнал Гренланд како приоритет во својот говор, но додаде дека неговата „реторика“ останува иста.

Данската премиерка Мете Фредериксен во вчерашната објава на Инстаграм напиша дека Европа сега ќе мора „да маневрира во рамките на новата реалност“.

Гренландскиот премиер Муте Егеде повторно истакна дека Гренланд не се противи на поблиски врски со Вашингтон, но дека островот не е на продажба.

Трамп првпат рече дека сака да го купи Гренланд уште во 2019 година, за време на неговиот прв мандат, но понудата беше одлучно одбиена од Гренланд и од Данска.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close