Развојната банка исплати 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит на 47 компании
Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра, кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании, од новата кредитната линија за инвестиции и развој.
Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следна: 48% во градежи, 22% во опрема, 10% во обновливи извори на енергија и 20% инвестиции во транспортни средства. Со овие средства се поддржани 3 микро, 25 мали, 11 средни и 8 големи компании во државата. Од оваа транша во најголем дел се поддржани компании од областа на производството со износ од 3 милиони евра.
Првата транша е обработена и исплатена во најбрзо време, со оглед на тоа што Рамковните договори со банките се потпишуваа по 31.01.2025 година.
Развојната банка соопшти дека периодов интензивно работи на повлекување на втората транша, согласно барања за повлекување средства од страна на банките, за одобрени проекти наменети за инвестиции и развој на компаниите