Реџепи-Зејди: Законотот за основно образование е агенда на ВМРО-ДПМНЕ, вазалството има име – ВРЕДИ
Скeндер Реџепи-Зејди, лидерот на „Народното движење“ во Албанија реагираше откако Собранието го усвои Законот за основно образование според кој директорите на училиштата ќе мораат да имаат потврда за познавање на македонскиот јазик.
Зејди вели дека овој закон е агенда на ВМРО-ДПМНЕ за да ги македонизира албанските училишта и ја обвинува коалицијата ВРЕДИ, која гласаше за овој закон, дека ја спроведува националистичката агенда.
На социјалните мрежи Реџепи-Зејди објави:
„ВАЗАЛСТВОТО ИМА ИМЕ – ВРЕДИ
Во Собранието на РСМ, штотуку помина Законот за основно образование, според кој е утврдено дека сите директори на основните училишта ќе подлежат на тест за познавање на македонскиот јазик.
За жал, пратениците на ВРЕДИ го одбија нашиот повик да не го гласаат овој закон, кој е дел од националистичката агенда на ВМРО за македонизација на албанските основни училишта.
Затоа, СИТЕ пратеници на ВРЕДИ едногласно гласаа во 367 чисто албански основни училишта директорите да бидат обврзани да имаат потврда за познавање на македонскиот јазик, и покрај фактот дека сите ученици во овие училишта се Албанци.
Срамота!!!“