Рецепт: Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

За сите љубители на кинеската кујна …

Потребно е:
половина главица зелка, исечкана на ленти
1 главица кромид, исечкан на полумесечинки
2 парчиња морков, изрендани
1 мала главица брокула, расцветана
1 мало парче ѓумбир, излупено и изрендано
1 парче пилешки гради, исечкано на долгнавести парчиња
300 г нудли (кинески тестенини), сварени
1 лажица масло од сусам
1 лажица соја сос
1 лажица ворчестер сос
2 лажици кечап
шеќер

Подготовка:
– Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло ставете го ѓумбирот да се пропржи многу кратко, 30 секунди.

– Потоа, ставете го пилешкото и пржете го околу 5-8 минути.

– За тоа време сварете ги нудлите.

– Потоа, додадете ги зелката, морковот, брокулата, ставете малку вода и динстајте додека да омекнат сите зеленчуци. Повремено мешајте.

– Кога зеленчукот ќе биде мек, додадете ги нудлите и соја сосот, маслото од сусам, ворчестер сосот и зачинете со бибер и шеќер.

– Измешајте убаво и оставете малку да се спојат сите состојки.

Back to top button
Close