Регистрирани 1069 нови случаи на Ковид 19 – починаа 29 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3012 тестирања, а регистрирани се 1069 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-489, Куманово-60, Дебар-3, Штип-42, Прилеп-81, Тетово-36, Струга-36, Велес-36, Битола-37, Охрид-41, Кавадарци-37, Гостивар-42, Гевгелија-9, Струмица-30, Крива Паланка-13, Радовиш-4, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Берово-3, Валандово-3, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-10, Ресен-3, Неготино-18.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1242 оздравени пациенти од: Скопје-326, Куманово-111, Штип-36, Прилеп-69, Тетово-67, Струга-50, Велес-51, Битола-78, Охрид-55, Кавадарци-27, Гостивар-98, Гевгелија-15, Струмица-65, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-33, Пробиштип-5, Демир Хисар-13, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-7, Виница-14, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-68, Ресен-12 и Неготино-14.
Починати се 29 лица, седум пациенти од Скопје (82, 67, 78 83, 70, 66 и 56г), тројца од Куманово (63, 78 и 62г), четири од Прилеп (73, 65, 76 и 59г), еден пациент од Тетово (62г), двајца од Битола (66 и 85г), еден од Кавадарци (76г), четири пациенти од Гостивар (69, 69, 70 и 58г), тројца од Гевгелија (73, 75 и 71г), двајца од Струмица (63 и 77г), еден пациент од Радовиш (67г) и еден од Неготино (60г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 62945, бројката на оздравени пациенти е 40188, на починати е 1792, а бројот на активни случаи изнесува 20965. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 27464, активни 10151
• Куманово 3806, активни 896
• Дебар 465, активни 100
• Штип 2717, активни 535
• Прилеп 3091, активни 1008
• Тетово 3859, активни 910
• Струга 1483, активни 440
• Велес 2028, активни 678
• Битола 2112, активни 882
• Охрид 1638, активни 604
• Кавадарци 1292, активни 491
• Гостивар 2599, активни 922
• Гевгелија 754, активни 232 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1741, активни 564
• Крива Паланка 444, активни 136
• Радовиш 442, активни 121
• Крушево 132, активни 70
• Кочани 1249, активни 237
• Пробиштип 365, активни 87
• Демир Хисар 202, активни 77
• Македонски Брод 173, активни 48
• Пехчево 100, активни 20
• Берово 367, активни 88
• Валандово 221, активни 66
• Виница 378, активни 148
• Делчево 462, активни 202 (135 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 154, активни 50
• Свети Николе 848, активни 230
• Кичево 1287, активни 472
• Ресен 464, активни 184
• Неготино 608, активни 316 (79 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 3012 теста се преку: ИЈЗ-703, ЦЈЗ Скопје-78,  Авицена-263, Биотек-304, МАНУ -219,  Жан Митрев (Филип Втори)-256, Систина со PCR метода -212, лабораторија Лаор –36, Судска медицина-7, ЦЈЗ Битола-1, Инфективна клиника-2, ГАК-9, Синлаб-59, Ремедика-38, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ (рапид тест) -802, УК Пулмологија со алергологија –7, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 335.298 тестирања на Ковид -19.

Back to top button
Close