Единаесет починати и 185 новозаразени од ковид-19

 

Во последните 24 часа се направени 1364 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 96, Куманово 2, Дебар 18, Штип 4, Прилеп 1, Тетово 14, Струга 20, Велес 2, Битола 2, Охрид 7, Кавадарци 2, Гостивар 2, Крива Паланка 1, Пробиштип 1, Свети Николе 2, Кичево 3, Ресен 8. Починати се 11 лица, осум од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово, соопшти Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент од: Скопје 29, Куманово 1, Штип 4, Тетово 2, Велес 4, Гостивар 1.

Во ГОБ „8 Септември“ починаа осум лица-пациент (53г) примен на 17 јуни, пациент (66г) примен на 5 јуни, пациент (67г) примен на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 10 јуни, пациентка (73г) примена на 9 јуни, пациент (62г) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 13 јуни и пациент на (76г).

Во ОБ Куманово почина пациент (78г) хоспитализиран на 12 јуни. Во КБ Штип почина пациент (63г) примен на 18 јуни, во Тетово почина пациентка (62г), потврдена позитивна на 17 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.005, бројката на оздравени пациенти е 1.904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2868. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 2440, активни 1653, Куманово 680, активни 229, Дебар 81, активни 29, Штип 264, активни 207, Прилеп 231, активни 18, Тетово 515, активни 316, Струга 169, активни 90, Велес 164, активни 32, Битола 38, активни 9, Охрид 98, активни 79, Кавадарци 11, активни 6, Гостивар 81, активни 54, Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци), Струмица 10, активни 7,Крива Паланка 11, активни 5, Радовиш 4, активни 0, Крушево 5, активни 2, Кочани 59, активни 26, Пробиштип 12, активни 10, Демир Хисар 1, активни 0, Македонски Брод 3, активни 1, Пехчево 5, активни 2, Берово 2, активни 1,  Валандово 6, активни 4, Виница 3, активни 0, Делчево 1, активни 0, Кратово 4, активни 2, Свети Николе 14, активни 12, Кичево 8, активни 5, Ресен 57, активни 56, Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

 

Back to top button
Close