Ременски: Сведочењето на Камчев дека не ме познава потврди дека е лага дека бил притворен за да не сведочи за Меѓународен сојуз

🚩Иако скоро сите присутни во судницата вчера ги слушнаа двата јасни искази од сведокот Јордан Камчев дека, “г-ѓата Фросина Ременски ниту ја познавам, ниту сум ја видел”, сакам да кажам зошто овој исказ за мене е важен:
👇

 

1️⃣ Со овој исказ кој се совпаѓа со сето тоа што повеќе од година ипол го зборувам јавно, а тоа е дека “Ниту јас, ниту мојот сопруг, ниту членови на моето семејство го познаваме семејството Камчеви” и дека, “Не сме биле во некаква комуникација”.
2️⃣ Овој исказ ги негира сите претходни манипулации кои во континуитет, свесно и за пропагандни цели повеќе од две години се плетае околу моето име и името на мојот сопруг за некаква наша вмешаност во “Рекет”, Катица и Камчеви.
3️⃣ Овој исказ од вчера е спротивен на сите навивачки и обвинувачки тези кои беа изнесени во деновите на моја жалост дека, Камчев е приведен за да не сведочи во Меѓународен сојуз и дека мојот сопруг Јовче Ременски напишал и наредил негово приведување и притворање. Комплетна лага и тенденциозна невистина.
📢 Не дадов изјава за новинарите вчера за трите точки, зошто знам дека сите присутни вчера го сфатија кажаното.
Не сакав да изјавам ништо, не затоа што немав што да кажам и за сведочењето на Агапи Дика што не оди во прилог на тезите на јавното обвинителство, напротив. Не сакав да бидам дел од продолжување на темата и манипулациите кои би се плетеле околу мојот сопруг, некакви службени белешки, АНБ и слично во контектст на Камчев. За тоа има одговорен директор на АНБ кој е овластен да дава изјави за работата и за се’ што е поврзано со тоа. Има и други институции кои треба да дадат одговори.
🚩Таму е и Горан Николовски Џони, можеби тој има повеќе службени информации и “лојалност” кон Камчев, нека си го прашаат по адвокатска линија.
☑Сум немала и немам причина ниту да го сакам или да го мразам Камчев. Вчера видов дека сите манипулациите околу неговото приведување на штета на Ременски не успеале да го наведат да сведочи лажно❗
Овој исказ не беше главна поента во сите медиумски известување од вчера. Некаде скоро и да го нема во целината на кажаноти од Камчев, но како и да е, убедена сум дека полека но сигурно, сите злонамерни фами ќе се разбијат

Фросина Ременски

Back to top button
Close