Решение со Бугарија и старт на преговорите до крајот на годинава, очекуваат Фон дер Лејен и Заев

Нашата цел е Северна Македонија и Албанија да започнат со пристапниот процес пред крајот на годината. ЕК разговара со Скопје и Софија за надминување на блокадата, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев попладнево во Скопје.

-Со двете страни работиме и разговараме и со Бугарија со цел да ја надминеме оваа последна пречка. Има многу добри идеи за коишто вреди да се размисли, се со цел да ја надминеме последната пречка и да започнеме со првата меѓувладина конференција. Нашата цел е со Северна Македонија и Албанија да започнеме пред крајот на годината. Има многу работа. Сметам дека е добар процес, многу разговори, затоа што има многу теми коишто можат да се решат со добар дијалог, со инвестирање на добри идеи  за тоа како да се решат проблемите. Севкупната цел е да се започне со пристапниот процес којшто веќе не треба да биде попречуван и затоа кажав дека нашата цел е до крај на годината да започнеме со првата меѓувладина конференција, рече Фон дер Лајен прашана која е таа последна пречка која стои на патот пшред стартот на преговорите за нашата земја.

Претседателката на ЕК во однос на прашањето дали доколку спорот со Бугарија не биде решен пакетот Северна Македонија – Албанија ќе биде разделен во декември или напролет, подвлече дека за Брисел сега е важно да се фокусира на испорачување резултати сега, односно до крајот на годината.

Премиерот Заев, пак, изрази уверување дека е можно до крајот на годината да дојде до договор со Бугарија кој ќе се темели на европските вредности и со почитување на идентитетските прашања, корситејќи го како основа предлогот на португалското претседателство кој е преземен од актулениот претседатвач Словенија.

-Јас искрено верувам како што е надежта и на ЕК, дека можеме навистина до крајот на годината, значи до крајот на декември да изнајдеме решение, решение кое ќе се темели на европските вредности европските правила каде што идентитетските прашања се многу важна работа и се почитуваат. Ние ги негуваме сите европски идентитети овде кај нас, сакаме и нашиот македонскиот идентитет со македонскиот јазик да бидат негувани. Драго ми е што имаме позитивни сигнали во тој дел на најважната област во која што се разговара. Останатиот дел се однесува на патоказот преку кој, ќе ја унапредиме соработката и ќе ја забрзаме согласно Договорот за пријателство, добрососедство и внатре се токму двете ноти за кратко и долго име, за немешање во внатрешните работи и слично. Јас верувам дека ќе постигнеме како и темелите на предлогот на португалското претседателство коешто словенското претседателство го прифати како можно решение кое реално е прифатливо за двете страни. И тука е некаде решението. Духот на пријателството соработката и добрососедството треба да го негуваме двете страни. Не само нашата страна, не само бугарската страна, двете страни затоа што навистина сме први соседи, навистина имаме добра соработка и верувам дека тоа им го должиме и на сегашните и на идните генерации, рече премиерот Заев.  

Во однос на последните случувања помеѓу Косово и Србија и дали се уште мисли дека треба да ја поддржиме иницијативата Отворен Балкан, Заев порача дека како почитувач на дијалогот  и разговорите, градењето на пријателство останува приврзаник на секоја форма каде што лидерите седат на маса и разговараат за можни решенија.

-Јас се надевам дека навистина целиот наш регион доминантно ќе седи на маса и ќе разговара за сите можни решенија. Непријатни се случувањата коишто ги видовме во Косово, непријатни се случувањата коишто ги гледаме помеѓу двете земји. Можеме само да апелираме дека треба да се одвратат сите страни па дури и да се од граѓани,н епознати или кој било на ваков начин да се испраќаат лоши пораки во регионот. Ние сме Балкан од 21 век и треба така да се однесуваме како земји коишто сакаат еден ден да бидат полноправни членки на ЕУ. И во тој дух јас сум убеден дека треба да ги користиме сите можности на разговори, на партнерство на билатерални и мултилатерални соработки овде на Балканот. Северна Македонија е пријател со сите свои соседи и со сите останати пет земји членки на Западен Балкан. Демократскиот, развиениот западниот свет, ЕУ не научија на тоа дека треба да се разговара, да се изнаоѓаат решенија и секојпат низ дијалог да им бидеме од поголема корист на нашите граѓани, рече Заев

Подвлече дека Берлинскиот процес е нешто најдобро што му се случило на Западен Балкан на патот до членство во ЕУ и верува дека и идниот канцелар на Германија ќе го продолжи Берлинскиот процес, но, вели, секогаш, ние можеме нешто плус да направиме дома, а тоа во моментов го правиме билатерално сите земји. 

И претседателката на ЕК Фон дер Лајен изрази загриженост за тековната криза меѓу Србија и Косово  и оти сега е важно, вели, работите да деескалираат и да се седне на преговарачката маса.

Back to top button
Close