Ривалката на Трамп, Ники Хејли, го изневерувала сопругот, пишуваат британски медиуми

Ники Хејли, ривалка на Доналд Трамп за решубликанска кандидатка на претседателските избори во САД, во повеќе наврати го изневерува својот сопруг Мајкл, пишуваат британски медиуми.

Според Дејли меил,  кога негирала дека во текот на нејзината кампања за гувернерка во 2008 година имала две вонбрачни афери Хајли ја излажала јавноста.

Порталот тврди дека Вил Фолкс (49) и Лери Марчант (61) во 2010 потпишале изјави сппред кои имале сексуални односи со тогашната пратеничка од Јужна Каролина пред таа да стане гувернер.

Фолкс изјавил дека врската со Хејли вклучувала бројни случаи на сексуален контакт. Наводно раскинале во јуни 2007 година влегол во врскс со жената со која се оженил следната година.

Марчант пак се заколнал дека имал секс со Хејли во јуни 2008 година во хотелска соба на конференција во Солт Лејк Сити

Бисок политички функционер во Јужна Каролина, пак тврдел дека еден или двајца политичари му признале дека имале секс со Хејли на паркинг во нејзиниот автомобил.

Хајли (51) потоа ги негираше обвинувањата и тврдеше дека му е „100% верна“ на мајорот Мајкл Хајли со кој е во брак 28 години.

Наводите за неверство на Хејли првпат беа објавени за време на нејзината кампања за гувернерка во 2010 година. Скандалот не успеа да ја задуши нејзината кампања. Хејли беше гувернер до 2017 година, кога стана амбасадор во Обединетите нации под администрацијата на Трамп.

Back to top button
Close