Родолфо Ернандез – човекот кој му се восхитува на Хитлер во трка за претседател на Колумбија
Родолфо Ернандез, 77-годишен бизнисмен и поранешен градоначалник, се појави како најконтроверзниот кандидат за претседател на Колумбија во последниве децении. Како вистинска ѕвезда на социјалната мрежа „ТикТок“, Ернандез има простор да ја пренесува својата контроверзна кандидатура.
Ернандез е еден од двајцата останати кандидати за претседателските избори, кои треба да се одржат во недела. Третата најголема земја во Јужна Америка се соочува со големи промени, а победникот на овие избори ќе ја преземе државата во клучен момент.
Родолфо Ернандез е познат во колумбиската јавност како доста контроверзен лик. Во 2018 година, локалниот советник од колумбискиот град Букараманга, Џон Кларо, имал мало недоразбирање со Ернандез. Разменувајќи неколку вулгарни зборови, Кларо на крајот заврши со црвен образ, откако Ернандез пред медиумите го удри во лицето.
„Ми се чини дека тој не е психички добар. Може да се каже дека тој е еден психопат.“ изјави Кларо за британски „Гардијан“.