Ролнички од модар патлиџан
Кога сакате нешто лесно, а сепак богато со вкус – овие ролнички од модри патлиџани се вистински избор.

Потребни состојки за ролничките:
2 модри патлиџани
За филот:
150 грама рендана моцарела
50 грама рендан пармезан
100 грама крем сирење (на собна температура)
100 грама урда
100 грама сирење
1 јајце
2 лажици ситно сечкан босилек
4 лажици ситно сечкан магдонос
1/2 лажица ситно сечкан власец
1/2 мала лажичка бибер
2 мали лажички лук во прав
Подготовка: Модрите патлиџаните исечете ги по должина на тенки парчиња. Добро посолете ги и оставете ги да отстојат околу 30 минути.
Потоа исплакнете ги, избришете ги со хартиени салфетки и наредете ги во подмачкана грил тава. Одозгора премачкајте ги со малку масло.
Печете да омекнат, заруменат и оставете ги патлиџаните малку да се изладат. Во меѓувреме, во сад измешајте ги сите состојки за филот додека добиете изедначена кремаста смеса. На секое парче модар патлиџан нанесете од филот на почетокот, свиткајте во ролничка и редете ги во тавата на хартија за печење.
Печете на 200°C околу 10/15 минути.
Фото: Magnific




