Рома нуди 15 милиони евра за Лангле, Барса сака најмалку 25

Одбранбениот фудбалер Клемен Лангле може да ја напушти Барселона.

Според „Диарио Спорт“, Рома сака да го ангажира 26-годишниот Французин. Италијанскиот клуб нуди 15 милиони евра за Лангле.

Оваа сума не е доволна за Барселона. Каталонците сакаат најмалку 25 милиони евра.

Самиот фудбалер повеќе би сакал да се пресели во Премиер лигата. Таму Вест Хем и Евертон се заинтересирани за него.

Минатата сезона, Французинот одигра 33 натпревари во Ла Лига и постигна еден гол.

Back to top button
Close