Романо: Пулишиќ ќе го продолжи договорот со Милан до 2029 година

Фудбалерот од средниот ред на Милан, Кристијан Пулишиќ се согласил да го продолжи договорот со клубот, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Дваесет и шестгодишниот Американец ќе потпише договор до 2029 година. Актуелниот договор на играчот е до летото 2027 година.

Пулишиќ оваа сезона одигра 38 натпревари за Милан, постигна 15 голови и девет асистенции.

На „Сан Сиро“ Пулишиќ пристигна во 2023 година, претходно играше за Борусија Дортмунд и Челзи.

Back to top button
Close