Роналдо го сака Бруно Фернандеш во Ал-Наср

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, има желба за соиграч во клубот од Саудиска Арабија да го има својот сонародник Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед, објави „365Scores“.
Четириесет и едногодишниот Португалец лично се обидува да го убеди Фернандеш да се приклучи на Ал-Наср, надевајќи се дека ќе го искористи тоа што преговорите за продолжување на договорот на играчот со Манчестер јунајтед досега не успеаја.
Роналдо, исто така, бара спортскиот директор и извршниот директор на клубот да добијат целосна слобода во одлуките за трансфери, без мешање од раководството.
Фернандеш е во Манчестер јунајтед од јануари 2020 година, а неговиот договор важи до 30 јуни 2027 година.
Во сезоната 2025/26, 31-годишниот Португалец постигна девет гола и имаше 22 асистенции во 37 натпревари.






