Рубио: Трамп ќе учествува на претстојниот самит на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе учествува на претстојниот самит на НАТО во Анкара, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио.

 

– Мислам дека претстојниот самит на НАТО во Турција во јули е веројатно најважниот самит во историјата на Алијансата, бидејќи има работи што мораме да ги поправиме и расчистиме. Самиот претседател Трамп ќе учествува – рече Рубио во текот на вториот ден од сведочењето пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат.

 

Самитот на НАТО ќе се одржи во главниот град на Турција на 7 и 8 јули.

Back to top button
Close