Русија е подготвена да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија

Портпаролот на рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“ изјави дека Русија е подготвен да произведува борбени авиони од петта генерација Су-57 во Индија за потребите на индиските воздухопловни сили.

Тој додаде дека производството на авионите би можело да почне уште годинава, ако Владата на Индија го прифати предлогот.

– Изработката на авионите во Индија, со целосен трансфер на технологија, ќе гарантира дека производството и одржувањето нема да бидат засегнати од западните санкции против Русија, посочи портпаролот на „Рособоронекспорт“.

Министерството за одбрана на Индија сè уште не ја коментираше руската понуда.

Back to top button
Close