Русија е веќе кинеска „сфера на интерес“

За време на Виетнамската војна, очајната американска воена стратегија на крајот дојде до точката кога „стана неопходно да се уништи град, за да се спаси“! Таа прочуена фраза му припаѓа на прославениот американски новинар, пулицеровецот Питер Арнет, кој во шеесеттите известуваше од Виетнам за Асошиејтед Прес, а потоа го слушавме и од Багдад, како единствен западен новинар како за Си-Ен-Ен од својата хотелска тераса во живо ни ја пренесуваше Војната во Заливот во 1992 година.

Знаеме како заврши виетнамската дваесетгодишна (1955-1975) воена трагедија и за американските завојувачи и нивните сојузници, а уште потрагично за Јужен Виетнам, Лаос и Камбоџа: меѓу еден и два милиони ранети и загинати цивили и борци во погодените држави од војната (се разбира, најмногу Виетнамци), многу од нив од недискиминирачките „тепих“ бомбардирања и топовски гранатирања со катастрофални разрушувања на теренот (и повеќе документирани масакрирања на цели населени места), но и 282.000 загинати на страната на Американците и нивните поддржувачи.

 

Прославениот англо-американски публицист и полемичар, покојниот Кристофер Хиченс, во 2001 година во својата книга „Судењето на Хенри Кисинџер“ ќе го обвини клучниот безбедносен и надворешно-политички советник на претседателите Никсон и Форд за воени злосторства. „Заборавете на Пиноче, Милошевиќ, Хусеин, Ким Џонг-ил или Гадафи: Америка не мора далеку да бара, туку да го најде (меѓу) сопствените фалени водачи оној за воени злосторства чиишто злодела се исти како оние на најгрозните диктатори во поновата историја – Хенри Кисинџер“, велеше Хиченс, обвинувајќи го за „командно“ учество во злосторства во низа воени конфликти и кризи во децениите на своите мандати.

Кисинџер (наскоро ќе наполни 100 години) го надживеа Хиченс и, се разбира, никогаш не одговараше за ништо од делокругот на своите државнички портфолија.

Пет-шест децении подоцна, руската армија, испратена во веројатно најлошо планираната модерна воена инвазија на една соседна земја, Украина, откако претрпе (а и нанесе) силни човечки и материјални загуби, влегува во катастрофалното „виетнамско“ сценарио: ќе мора до темел да ги разурне украинските градови, за да може да ги „спаси“. Извештаите од боиштата велат дека Мариопол е речиси „ослободен“. До мерка што веќе го нема.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

 

Back to top button
Close