Борел за барањето на МКС за апсење на Нетанјаху: Државите се обврзани да ги спроведуваат судските одлуки
Сите држави што ги ратификувале статутите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) се должни да ги спроведуваат неговите одлуки, порача високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел во врска со повикот на обвинителот на МКС да издаде налог за апсење на лидерите на Израел и Хамас.
„Мандатот на МКС, како независна меѓународна институција, е да ги процесуира најтешките злосторства според меѓународното право“,напиша Борел на социјалната мрежа Икс.
МКС вчера побара да се издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант за „поттикнување истребување, предизвикување глад како метод на војна, вклучително и задржување на хуманитарна помош и намерно таргетирање цивили во конфликт“.
Се бараат и налози за апсење на водачите на Хамас – Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханије за истребување, убиство, земање заложници, силување и сексуални напади