Русија нападна хемиската фабрика во Северодоњецк во која се засолнети повеќе луѓе

Најмалку четири лица загинаа во гранатирање на хемиската фабрика Азот во Северодоњецк, информира гувернерот на Луганск Сергеј Хајдаи на Телеграм.

Како што пренесува ДПА, стотици цивили се наоѓаат во фабриката во источна Украина, која во моментов се користи како засолниште за воздушни напади.

Фабриката засега не е опколена со руски војници како што беше случајот во Мариупол.

Back to top button
Close