Русија со нови закани: Литванија ќе ги почуствува последиците од блокадата на транспортот на стоки до Калининград

Официјална Москва наскоро ќе одговори на одлуката на Литванија да го блокира транспортот на стоки од континентална Русија до регионот Калининград, а одговорот ќе нанесе „сериозно негативно влијание врз населението на Литванија, се закани денеска декретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев.

– Русија секако ќе одговори на таквите непријателски дејствија. Се разработуваат соодветни мерки во меѓуресорски формат и ќе бидат преземени во блиска иднина, појасни Патрушев, инаку близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

Тој оцени дека „литванската блокада, донесена на предлог на западните земји, а со која се кршат нормите и принципите на меѓународното право, покажува дека не може да се верува не само на устните, туку и на пишаните изјави на Западот”.

Патрушев, кој допатува во регионот Калининград на состанок за националната безбедност во северозападна Русија, истакна дека безбедноста на руските граници треба да се зајакне, имајќи ги предвид новите закани, вклучително и евентуалниот влез на Финска и Шведска во НАТО.

– Со оглед на појавата на нови закани поради потенцијалното пристапување на Финска и Шведска во НАТО, застојот во прекуграничната соработка меѓу европските земји и нашата земја и немањето официјална демаркација на државната граница меѓу Русија и Естонија, потребни се дополнителни мерки за унапредување на силите и средствата со кои се штити и брани нашата државна граница, истакна Патрушев.

Во истиот период додека Патрушев престојуваше во Калнинград, амбасадорот на ЕУ во Русија беше повикан на разговор во руското Министерство за надворешни работи

Back to top button
Close