Русија тврди дека 79 македонски државјани биле убиени во Украина

Дири 79 македонски државјани загинале на фронтовите во Украина од почетокот на руската воена инвазија, се тврди во списокот на странските платеници кои се борат во Украина, што го објави руското министерство за одбрана.

Русите тврдат дека и 19 македонски државјани веќе ја напуштиле Украина, додека на боиштата се активни уште 39 лица.

Од европските земји, според руските извори, најмногу се присутни платеници од Полска – 1831, пред Романија со 504 и Велика Британија со 422.

Back to top button
Close