Русија: За да се идентификуваат жртвите од авионската несреќа потребен е ДНК материјал од роднините

Ќе биде потребна ДНК анализа за да се идентификуваат жртвите од авионската несреќа што се случи во руската област Белгород, во која загинаа украински воени заробеници, изјави претставник на итната служба.

– Доколку се работи за оваа конкретна трагедија, за да се утврди идентитетот на сите патници потребен ни е ДНК материјал од роднините на жртвите. Украинската страна ќе мора да ја признае смртта на своите граѓани, да спроведе постапка за земање ДНК материјал и да и го предаде на нашата страна. Потоа ќе се изврши идентификација како дел од истрагата за случајот“, рече претставникот.

Транспортен авион „Иљушин-76“ со, како што тврди Русија, 65 украински затвореници, кои беа на пат за Украина како дел од размената на воени заробеници меѓу Киев и Москва, вчера се урна во руската област Белгород.

Back to top button
Close