Руски стратешки бомбардери прелетаа над Балтичко Море

Два руски стратешки бомбардери Ту-22М3 денеска извршија планиран лет над неутралните води на Балтичкото Море, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Според соопштението, летот траел повеќе од четири часа, а во одредени фази руските авиони биле придружувани од странски ловци, иако не се наведува од кои земји.

Министерството истакна дека бомбардерите биле во придружба на два руски ловци – Су-30СМ и Су-27.

Сите други држави кои имаат излез на Балтичкото Море се членки на НАТО

Back to top button
Close