Рускоска за ТВ24: Целата снимка со Димишков веќе е изведена во „Рекет“

Денешните две аудио снимки кои беа објавени на Јутјуб од анонимен профил, а на кои наводно се слуша гласот на адвокатот Васил Димишков, му се познати на Обвинителството и веќе биле изведени во судската постапка за случајот „Рекет“. Ова за ТВ24 го тврди шефицата на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Според неа, станува збор за исечоци од материјал кој трае вкупно 57 минути а пред судот бил пуштен на затворена седница. До обвинителството тој материјал го предал осудениот во „Рекет“ Зоран Милески – Кичеец. Русковска не знае од каде протекол разговорот, но за ТВ24 вели дека во него, освен адвокатот Васил Димишков, учествуваат и Зоран Милески – Кичеец и Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Орце Камчев. Нивните гласови сепак, се исечени од јавно објавениот разговор.

Иако во скратениот аудио материјал се споменуваат суми на пари но без контекст кој, кому и за што треба да ги даде и само две имиња, Бојан и Орце, дел од медиумите веќе објавија дека снимките се доказ како семејството Заеви барале рекет од 6 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев. Русковска вели дека на ниту едно место во целата 57 минутна снимка не се слушаат имињата на Вице или на Зоран Заев во контекст поврзан со пари.

Адвокатот Васил Димшков е брат на судијката Весна Димишкова, која како судија на прехтодна постапка му одреди притвор на Орце Камчев за „Империја“. Но Димишков до неодамна имаше и бизнис релации со Камчеви како адвокат на „Стопанска банка“ – Битола.

Тој беше и сведок во случајот „Рекет“, а само неколку часа по неговото сведочење банката се откажа од неговите услуги.

Back to top button
Close