Сѐ повеќе Шпанци го прифаќаат „концептот“ на отворени врски
Шпанците сѐ повеќе го прифаќаат „концептот“ на отворени врски, покажува ново истражување на шпанскиот Центар за социолошки истражувања – владина агенција којашто го следи јавното мислење за социолошките прашања. Речиси половина од испитаниците сметаат дека е нормално да се има неколку сексуални партнери во истовреме.
Имено, околу 47 насто од нив се согласуваат дека едно лице може да има повеќе од една активна сексуална врска во истовреме. Ова е зголемување од 10 отсто во споредба со претходното истражување во октомври 2021 година. Анкетата, исто така, покажа оти над 41 отсто од Шпанците сметаат дека партнерите можат да имаат секс со други луѓе вон нивната врска, без да се впуштат во романтична врска со нив.
И покрај сѐ ова, „земјата на Дон Хуан“ (или Дон Жуан), сè уште има силна верба во моќта на љубовта.
Речиси 70 насто од испитаниците се согласуваат дека „вистинската љубов може да победи сè“, а 80 отсто рекле дека ако некој е вистински вљубен во својот партнер, тие ќе бидат заедно засекогаш. Дополнително, на огромно мнозинство Шпанци не им пречи ако нивниот партнер е помалку привлечен, помалку образован или заработува помалку од нив.