САД: Доживотен затвор за мигрант за убиство на американска студентка, Трамп често го споменуваше
Мигрант од Венецуела е осуден во сојузната држава Џорџија на доживотен затвор без можност за условно ослободување за убиството на студентката Лејкен Рајли, случај што новоизбраниот претседател Доналд Трамп го споменуваше за време на кампањата ветувајќи крај на илегалната имиграција.
Хозе Ибара, нелегален имигрант од Венецуела, од судија во Атина, Џорџија беше осуден поради убиството кое го извршил на 22 февруари 2024 година, кога Рајли, студентка во школо за медицински сестри во универзитотот Аугуста, џогирала околу кварталот апартмани каде недалеку живеел и Ибара. Додека трчала, таа била пресретната од Ибара (26) кој ја грабнал во шумата и потоа со камен ја удрил во главата.
Пресудата за убиство и други кривични дела доаѓа по повеќемесачната антиимигрантска кампања на избраниот претседател Доналд Трамп дека од Јужна Америка во САД доаѓаат „илјадници силувачи и убијци“.
Иако случајот на Ибара е еден од ретките, напливот на имигранти на јужната граница стана проблем во САД во текот на владеењето на актуелниот претседател Џо Бајден а по релаксирањето на правилата за добивање азил кога тој дојде на власт во 2020 година.