САД го крева нивото на тревога поради мајмунски сипаници

Американскиот центар за контрола и превенција на болести го подигна нивото на тревога поради мајмунски сипаници и препорача носење маски за време на патување, но предупредува дека не се работи за исто ниво на загриженост како за Ковид-19.

Симптомите на мајмунски сипаници прво се слични на грипот, а потоа пациентите развиваат болен осип и лезии и отечени лимфни јазли.

Периодот на инкубација меѓу изложувањето и појавата на првите симптоми може да трае од пет до 21 ден, според Светската здравствена организација.

Случаи на мајмунски сипаници се пријавени на сите континенти освен на Антарктикот.

Според ЦДЦ, во САД досега се пријавени 31 случај на мајмунски сипаници.

Back to top button
Close