САД сака да верува дека ќе се штитиме од недоверливи добавувачи на 5Г мрежа. Унгарскиот оператор на Орбан во стратешко партнерство со кинески „Хуавеј не е таков “?

Официјализирањето на намерата на унгарскиот оператор „4iG“ за влез на домашниот пазар ја разбранува домашната политичка јавност пред се поради фактот што станува збор за компанија која, според унгарските истражувачки медиуми, важи за една од омилените на неприкосновениот владетел во Будимпешта – премиерот Виктор Орбан

„4iG“ во нашиот случај, покрај релациите со владејачката постава на Виктор Орбан, носи и друго прашање – овој оператор има стратешко партнерство со кинески „Хуавеј“, што се коси со домашното законодавство кое бара набавка на современа 5Г-мрежа исклучиво од доверливи добавувачи меѓу кои не спаѓаат кинеските гиганти

„Веруваме дека владата ќе продолжи да го штити интегритетот на мрежата, да избегнува недоверливи добавувачи на хардвер и софтвер и да обезбедува сигурен и етички 5Г-екосистем во Северна Македонија“, велат од Амбасадата на САД во Скопје за 360.мк

Истражувањата на дел од унгарските медиуми, како Директ36 „4iG” ја врзуваат директно со премиерот Виктор Орбан, нарекувајќи ја негова омилена компанија.

Од истражувањето на Диркет36 за врските меѓу Орбан и „4iG“

Директ36 пишува дека „4iG“, со затскриена државна помош за која се претпоставува дека тежи околу 190 милиони евра, во изминатите неколку години прераснала од средна по големина ИТ-компанија, во една од најголемите унгарски корпорации и тоа, според истражувањата на унгарските новинари, се должи пред се на наклонетоста на Орбан и блискиот круг луѓе околу него.

Премиерот Мицкоски во друштва на премиерот Орбан на Самитот на Европската политичка заедница во Лондон

Но, потенцијалното доаѓање на „4iG“ во Северна Македонија носи и друго прашање кое не е само од политичка, туку и од правна природа, поврзана со геостратешката ориентација на земјава.

„4iG“ има стратешко партнерство со кинеската „Хуавеј“. Зошто тоа би било проблем за евентуален влез на домашниот телекомуникациски пазар? Затоа што Северна Македонија уште пред 3 години донесе измени на Законот за електронски комуникации со кои, меѓу другото, се предвидува телекомункациските оператори да набавуваат опрема исклучиво од проверени и кредибилни добавувачи.

Целото истражување на Владимир Мирчевски на 360 мк

Back to top button
Close