САД со санкции против нелегални финансиски мрежи меѓу Русија и Северна Кореја

САД наметнаа санкции против пет ентитети и едно физичко лице вмешани во нелегални механизми за парични трансакции меѓу Русија и Северна Кореја, јавија денеска од Стејт департментот.

-Акцијава ги разоткрива и нарушува мрежите што го олеснуваат финансирањето на нелегалните програми на Демократска Народна Република Кореја за оружје за масовно уништување и балистички ракети, како и оние што ја поддржуваат незаконската војна на Русија против Украина, изјави портпаролот Метју Милер.

САД сметаат дека сè поголемата финансиска соработка помеѓу Русија и ДНРК директно ја загрозува меѓународната безбедност и глобалниот финансиски систем.

-Русија сè повеќе зависи од ДНРК бидејќи се соочува со зголемени загуби на военото поле и сè поголема меѓународна изолација. Денешните санкции покажуваат како режимот на Путин користи нелегални мрежи за да им овозможи на држави како ДНРК пристап до меѓународниот банкарски систем, што е во спротивност со целните финансиски санкции според Резолуцијата 1718 на Советот за безбедност на ОН и забраната за кореспондентски односи со банките на ДНРК според Резолуцијата 2270 на СБ на ОН, изјави Милер

-Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги користат своите алатки за да ја спречат руското поддршка на нелегалните финансиски мрежи на ДНРК и нејзината војна против Украина.

Back to top button
Close