САД засега не го обновуваат издавањето визи, но почнаа да издаваат пасоши

САД засега не го обновуваат издавањето визи во своите конзуларни претставништва, изјави Карл Риш, помошник државeн секретар на САД задолжен за конзуларни работи.

Тој на вчерашниот брифинг за новинарите истакна дека повеќе информации за возобновување на издавањето визи за САД ќе има за неколку недели.

– Стејт департментот продолжува да ја следи локалната состојба со коронавирусот и други загрижувачки моменти во некои земји, додаде Риш.

Поради пандемијата со Ковид-19, САД од средината на март запреа со издавање визи, освен за итни случаи.

Риш исто така истакна дека САД го обновиле издавањето патни исправи, но во ограничен број, во рамките на првата фаза од рестартирањето на економијата поради Ковид-19.

Back to top button
Close