„Санофи“ инвестира 610 милиони евра во француско истражување и производство на вакцини

Францускиот производител на лекови „Санофи“ соопшти денеска дека ќе инвестира 610 милиони евра  во два нејзини француски објекта за да ги претвори во центар посветен на истражување, развој и производство на вакцини.

Инвестициите ќе помогнат во зајакнувањето на капацитетите на групацијата во Марси-Л’Етоил и Новил-сур Саон, централна Франција, јави дописникот на МИА.

Соопштението беше објавено во момент кога официјалните претставници на Санофи денеска беа домаќини при посетата на францускиот претседател Емануел Макрон во објектот Мароси-Л ‘Етоил на Санофи.

Фабриката во Новил сун Сон, ќе ги искористи најновите технологии за производство на вакцини. Во проектот ќе се вложат 490 милиони евра во текот на пет години и се проценува дека ќе создаде 200 нови работни места.

Компанијата, исто така, ќе инвестира 120 милиони евра за изградба на центар за истражување и развој   фокусиран на развој на вакцини во фабриката на Санофи Пастер во Марси-Етоле.

Инвестицијата на Санофи е овозможена благодарение на поддршката и блиската соработка со француските власти во последните неколку месеци. Останатите средства ќе ги инвестира државата.

Макрон денеска ја посети фабриката и лабораторијата за научни испитувања за вакцини на Санофи во Марси-Етоал, една од најголемите во светот со  3.500 вработени.

Францускиот претседател најави во таа прилика дека од 200 милиони евра кои државата ќе ги инвестира, 120, милиони се наменети за поддршка на капацитетите за производство на вакцини.

Back to top button
Close