СДК: Замрзнат имотот на Груевски од новооткриените 3.000 квадрати на водно и два стана на бихаќка, истрагата не ги чепка трите стана на мајка му

Двата новооткриени станови на азилантот во Унгарија Никола Груевски во кои Обвинителството за организиран криминал и корупција минатиот месец влезе да врши претрес, како и голем новооткриен плац на Водно на површина од 3.000 метри квадратни, со одлука на Основниот кривичен суд се замрзнати додека трае постапката против поранешниот премиер.

 

Информацијата за СДК ја потврди Државниот јавен обвинител Љупчо Јовески, кој вели дека на хартија фигурираат други имиња, но дека Обвинителството пред Судот изнело сознанија и докази дека плацот и становите се всушност на Груевски.

Она што е невообичаено, е што поминаа десетина дена од одлуката на судот, а жалба на таа одлука не поднесува никој. Груевски по претресот, од Унгарија негираше дека двата новооткриени стана се негови, вели дека ги изнајмил под кирија. Ако двата стана и плацот не се на Груевски, каде се тогаш сопствениците да поднесат жалба, се чудат обвинителите.

На Водно не биле замрзнати сите нелегално купени плацеви на Груевски, туку само поскапите, кои од шума, биле трансформирани во градежно земјиште, со повеќекратно зголемена цена за метар квадратен од таа за која ги купувал додека биле корија.

 

Повеќе

Back to top button
Close