СДСМ бара од ВМРО ДПМНЕ да ги врати проневерените пари од европските фондови
СДСМ бара одговорност од ВМРО ДПМНЕ за случајот што го води Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) а во кои се работи за средства во висина од 660 илјади евра кои исчезнале од касата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Случајот што го отвори ОЛАФ е за проект од 2015 година, за пари наменети за софтвер. Нотирани се низа неправилности, а на државата ОЛАФ и препорачала да ги врати парите. Во периодот кога се случиле неправилностите, Владата е предводена од ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски, а меѓу неговите советници бил и денешниот шеф на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. ДПМНЕ и поединци од таа партија и таа влада, освен што краделе од граѓаните, за што има и правосилни судски пресуди, проневерувале пари и од европски фондови“пишува во соопштението од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. до обвинителство доставило конкретен предмет за овој случај и се надева дека таа институција ќе постапи него.
„Низ отворена судска постапка, виновниците треба да се лоцираат и санкционираат, а ДПМНЕ да ги врати проневерените пари. ДПМНЕ не е ништо освен криминална партија која дејствува на штета на граѓаните и на државата“се додава во дописот од СДСМ.