СДСМ бара одговорност од Јаневска и од директорите за булингот, ножевите и тепачките во училиштата
По неколкуте инциденти со булинг, ножеви, тепчаки и насилство во училиштата опозициската СДСМ бара одговорност од министерката за образование Весна Јаневска, но и од директорите на училиштата.

Меѓудругото, тие бараат смена на директорите кои прикривале вакви случаи или оние кои не презеле соодветни мерки. Се бара изратока на национална стратегија за булинг, унифицирани правила за справување со овие појави, вражање на безбедноста во училиштата…
– Секојдневно сме сведоци на булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови. Ова повеќе не се изолирани случаи, туку сигнал дека системот за превенција потфрла, а Министерството за образование и наука не превзема активности во заштитата на учениците и безбедноста во училиштата. Нема ниту стратегија, ниту системска реакција – рече денеска Јованче Манасков, претседател на Комисијата за образование и наука на СДСМ.
Од СДСМ побараа одговороност од Весна Јаневска, оОдговорност со итна смена на директори кои криеле, не реагирале навреме и игнорирале насилство, „неспособноста не смее да се наградува со функции, а молчењето и прикривањето да не бидат пракса во образовниот систем“
Побараа и вонреден инспекциски надзор во училиштата и ученичките домови со ревизија на сите училишни безбедносни протоколи. Да се утврди кои училишта имаат само формални процедури „на хартија“, без реална примена. Државата мора да провери каде потфрлил системот пред да се случи нов сериозен инцидент.
Се бара и годишен извештај за безбедноста во училиштата.
– Министерството за образование јавно да објавува податоци за булинг, насилство и преземени мерки, со цел целосна транспарентност и отчетност – рече Манасков.
Како КОмисија за образование и наука на СДСМ предложија 10 итни мерки за побезбедни училишта и ученички домови:
1. Итно воведување унифициран безбедносен протокол во сите основни и средни училишта.
Јасни процедури за постапување при булинг, физичко насилство, закани и внесување оружје.
2. Итно вработување психолози и педагози таму каде што со години недостига стручен кадар
Државата не може да зборува за безбедност, а училиштата да останат без стручни служби. Минимум еден психолог на 300 ученици и задолжителна психолошка служба во ученичките домови.
3. Формирање училишни тимови за превенција на насилство.
Тимови составени од психолог, педагог, наставници и претставници на родители со обврска за брза реакција.
4. Национална анти-булинг програма.
Редовни работилници и едукации за ученици, родители и наставници за препознавање и спречување на булинг.
5. Засилена соработка помеѓу училиштата, МВР и центрите за социјална работа.
Институциите да не реагираат дури откако трагедијата ќе стане вест, туку превентивно и координирано
6. Воведување анонимна линија и дигитална платформа за пријавување насилство.
Учениците без страв да можат да пријават булинг, закани или опасно однесување.
7. Поголема безбедност во училиштата и ученичките домови со засилени контроли, подобар надзор и редовни превентивни проверки околу училиштата.
8. Обврзувачки програми за ментално здравје кај младите, со поголем фокус на емоционална поддршка, стрес, анксиозност и меѓуврснички односи.
9. Построга одговорност за институциите што не реагираат навремено со законска обврска за постапување по секоја пријава во рок од 24 часа
Да се утврди одговорност кај раководства и институции кои игнорирале пријави или пропуштиле да постапат. Игнорирањето на насилството создава уште поголемо насилство, а институционалната бавност создава чувство дека насилството е дозволено
10. Формирање национален кризен штаб за безбедност во образованието
„Очигледно дека институциите немаат координација ниту план за реакција, државата нема стратегија за превенција и за системска реакција. За жал цената ја плаќаат учениците, а институциите ја изгубиле во целост контролата врз состојбата во образованието. Слободно нека ги прифатат, па дури и нека ги претстават како свои, ако тоа значи дека конечно ќе се спроведат и ќе дадат резултат“, додаде Манасков.






