СДСМ: Груевски мора да одговара пред законот
Никола Груевски, осудениот криминалец во бегство, повторно се огласува од Унгарија и директно „наредува“ на институциите и обвинителствата што треба да се истражува. Исто како што Мицкоски „наредува“ од собраниската говорница и од телевизија. Тој манир го имаат сите од ВМРО – ОКГ. Иста матрица, исто школо. Вистината е едноставна и јасна: криминалецот мора да биде приведен пред правдата и да одговара за делата што ги сторил, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на партиската портпаролка Богданка Кузеска.

Она што Груевски го правеше тогаш, а неговата банда го продолжува денес, Македонија ја чини скапо не само во пари, туку и за иднината, децата, на младите.
Корупцијата, тендерите, кражбата на државата и уништувањето на институциите, сето тоа нè чини скапо и нè држи назад.
Изјавата како прашање на Груевски „кој е сега на власт во Македонија?“ и неговото чудење зошто Министерството за правда зборува за екстрадиција и собира документи, најдобро ја покажува селективната правда на која ВМРО-ОКГ е навикнато. За нив тоа е сосема нормално.
Токму тој систем Мицкоски го продолжува.
Поставува свои луѓе во судството, обвинителството, полицијата. Целосна партизација на системот, целосна контрола над наводно „независните“ институции.
Уште една потврда дека демократија нема кога ВМРО-ОКГ ја презема власта.
Сè она што се случуваше за време на власта на Груевски, се случува и сега со Мицкоски.
Чиста автократија, диктатура на еден човек.
Министерот Филков од ЗНАМ, кое настана од отпадници на СДСМ, сателит на ВМРО и дел од тендер коалицијата, е поставен токму на тоа место поради работата која долго време се подготвувала, да не биде ВМРО тој кој ќе го ослободи или ќе го апси Груевски.
Македонија мора повторно да стане слободна земја, без криминал и корупција за да може да продолжи по европскиот пат.
СДСМ еднаш веќе ја ослободи Македонија од оваа криминална група.
И повторно ќе го стори тоа.
А овие денес, неговите ученици и наследници предводени од Мицкоски, ќе одговараат пред законот.
Груевски побегна. Но Мицкоски и неговата банда ќе чекаат одговорност!
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!





