СДСМ: Лагите на пратеничката Стојановска се срам и во спротивност со заложбите за родова еднаквос

Нервозата во ДПМНЕ достигува кулминација, велат од партијата СДСМ.

„Лагите на пратеничката Дафина Стојановска се голем срам и во спротивност со вредностите и заложбите за родова еднаквост. Блокирањето на седницата за пратенички прашања и лагите на Стојановска само ја потврдуваат разединетоста и нервозата на ДПМНЕ“, истакнуваат од СДСМ.

Според нив, недозволиво е да се злоупотребува и блокира собраниската говорница за изнесување лаги.

„Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не евтини и партиски манипулации“, дополнуваат од партијата.

Back to top button
Close