СДСМ: Лаже ли Бојан Христовски во биографијата? Нема TOEFL центар во Бугарија

Од СДСМ велат дека назначувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ освен што е опасна партизација отвора и низа сомнежи за тоа дали воопшто ги исполнува законските услови да биде на ваква висока позиција.

„Иако Христовски пријавил во биографијата пет календарски години раководен стаж недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство во УБК во периодот од 2012 до 2017 година.

Законските услови за оваа позиција во делот на образованието се исполнети дури минатата година, со дипломирање на Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и бизнис во Скопје. Но, претходно, тој бил дипломиран тренер по кик-бокс со што не ги задоволувал законските критериуми предвидени за оваа важна функција.

Понатаму, во Биографијата објавена од Факултетот за безбедност, Христовски приложил Уверение за познавање на англиски јазик TOEFL од училиште во Пловдив – Бугарија.

Back to top button
Close