СДСМ: Неспособноста на Мицкоски ја турка земјата во економска криза

Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека цените пораснале за 5,2%. Споредено со јануари 2024 година трошоците за живот пораснале за 4,9%.

Овие податоци ја покажуваат неспособноста на Владата на Мицкоски да се справи со економските предизвици.

За само осум месеци, граѓаните се доведени до финансиски колапс.

Цените на основните прехранбени производи и услугите растат без контрола, сметките за електрична енергија се зголемуваат, парното е поскапо, а платите стагнираат.

Домаќинствата секојдневно се борат со зголемени трошоци, додека Владата останува без стратегија и конкретен план како да ја стабилизира економијата.

Неспособноста на Мицкоски ја турка земјата во економска криза.

Не само што мерките со кошнички доживеаја целосен дебакл, власта најави мерка за замрзнување на маржите која се уште не е донесена поради тоа што власта работи за интересот на елитата а не за граѓаните.

СДСМ предупредува дека оваа состојба е неодржлива. Потребни се итни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните.

Затоа, уште еднаш повикуваме на усвојување на пакетот 7 мерки што ги предлагаме, кои веднаш можат да донесат олеснување за граѓаните, намалување на цените и зголемување на стандардот.

СДСМ

Back to top button
Close