СДСМ: Шемата за подарениот имот на Јанушев датира од 2010 година кога се набавија кинеските автобуси

Шемата за подарениот имот на Јанушев датира од 2010 години кога се набавија кинеските автобуси, тврдат од СДСМ.

„Откако пет дена се криеше од јавноста вчера Јанушев самиот се закопа. Прво рече дека имало погрешни внесени податоци во неговиот анкетен лист кои ги корегирал, а потоа дека намерно оставил јавноста да се „излизга“.

Зошто пет дена молчеше и не кажа за наводно случајно погрешните податоци? Што е ова освен директно признание на Јанушев дека намерно внесувал погрешни податоци?

Ако намерно внел погрешни податоци дека подарениот имот му е земјиште со вредност од 325.000 евра, што сакал Јанушев да скрие?

Дали сакал да го скрие поклонетиот стан или пак некаква скриена бизнис шема која довела до тоа да му биде поклонет имот во вредност од 325.000 евра?

Денес ја откриваме чекор понатаму оваа афера и прашуваме: Дали поклонетиот имот и парцелатата на којашто се наоѓа зградата во која има имот и Тошковски, влече корени уште од 2010 година, во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ?

Тоа е годината кога се случила и криминалната набавка на кинеските автобуси за кои беше осуден Јанушев.

Како е дојдено до оваа парцела, каква била постапката за во зградата баш и Јанушев и Тошковски да имаат огромни станови?

Каква е поврзаноста на Тошковски во целиот случај?

СДСМ располага со нови информации за овој скандал кои наскоро ќе ги објавиме“, соопштија од СДСМ.

Back to top button
Close