СДСМ: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?
Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ и изградбата на пазарот во Неготино открива алармантни сомнежи за расипничко и криминално трошење на народните пари.
Денеска објавуваме конкретни факти – со вредности, цени, договори и јасна математика.
Ви ги претставуваме пресметките што покажуваат како ДПМНЕ прави бизнис на грбот на граѓаните на Неготино.
Одиме по ред.
Ова е Договорот за пазарот во Неготино, класифициран како „урбана опрема“, склучен со една од омилените фирми на ДПМНЕ – МАСТЕФ ДООЕЛ, во вредност од околу 420.000 евра.
На страна 8 од Договорот, во делот за кровопокривачки работи, стои невидена цифра: за набавка и изведба на 1 м² кровен сендвич панел е наплатено 10.000 денари!
10.000 денари за квадрат панел платиле неготинчани?! Да не е златен? Да не го набавија од Белизе?
Во реалноста, на пазарот, во било кој склад во малопродажба цената на 1 м² сендвич панел (со дебелина од 5 см), со највисок квалитет, се движи околу 1.000 денари. (16 или 17 евра). Еве јавно достапни цени.
Да ја додадеме и работна рака – уште 1.000 денари. Вкупна цена се доаѓа до 2.000 денари за метар квадратен.
Што значи тоа? Разликата до 10.000 денари е 8.000 денари по м², или 130 евра повеќе – за СЕКОЈ квадрат.
За вкупно 440 м², тоа се 60.000 евра разлика – само за покривот!
Во чии џебови завршиле?
Ова не е тендер – ова е грабеж.
Цените се тука, бројките се јасни, математиката е немилосрдна.
Општините на ДПМНЕ вртат тендери со цени што се пет пати повисоки од реалните.
СДСМ бара итна истрага!
Го повикуваме Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да постапат.
Граѓаните заслужуваат одговорност, а не криминални договори.
Линк до видео: https://youtu.be/igrXADjpSOg