СДСМ: Советник од Кавадарци повикан во полиција за фејсбук-статус за лозарите, ова е обид за замолчување

Советникот на СДСМ од Кавадарци, Вуко Мелов, бил повикан на информативен разговор во полициска станица за пост на Фејсбук објавен на страницата Мое Кавадарци, велат од СДСМ.

„Објавата алармира за реалните проблеми кои ги имаат лозарите со откупот и најавува можен протест.

Ете колку е голем стравот на Мицкоски од незадоволството на граѓаните, од незадоволството на лозарите.

За Фејсбук постови прави притисок и повикува во полиција советници.

Ова е класичен притисок, обид за заплашување и замолчување.

Наместо Мицкоски да се занимава со решавање на проблемите на лозарите, криминалната организирана група на власт се обидува да изврши притоск и да замолчи советници на СДСМ.

Прво со Декрет во Собранието ни забранија да зборуваме за „економските работници“. Потоа во Ново Село посегнаа да тепаат деца, само затоа што ја кажаа вистината за водата во Гостивар. сега прават притисок врз советник на СДСМ за објава на Фејсбук.

Ова се истите методи на Вучиќ во Србија.

Христијан Мицкоски е уплашена од вистината, од незадоволството на лозарите, Мицкоски е уплашен од својот народ.

Народот е буден, ниту можете да го замолчите ниту да го исплашите.

Нема да ви помине!

Доаѓа време на вистина и правда.Сите што ги спроведуваа насоките на криминалната група и се обидуваат некого да замолчат или да заплашат – ќе одговараат“, стои во соопштението од СДСМ.

Back to top button
Close